Националната стратегија за електронско здравство на владина седница

162

Владата на денешната седница ќе ја разгледа информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023-та година, со Акциски план.

На дневен ред на денешната седница е и информацијата за прогресот на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, со Предлог – одлука.

Како материјал за информирање, Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледа Информацијата за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“, како и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...