Супермоделот Бела Хадид (23) е прогласена за најубава жена на светот. Научниците водени од теоријата за златниот рез ги анализирале и најмалите детали на нејзиното лице како големината и положбата на усните, носот, брадата, јаболчниците и вилицата. Со пресметувањето заклучиле дека Бела има совршени пропорции.
Манекенката според сите мерења убедливо го однелa првото место на пописот на најубавите жени на светот со резултатот од 94,35 отсто, пренесува „Дејли мејл“. Зад Бела, на второто место се нашла Бијонсе со 92,44 отсто.
– Откако беа измерени сите параметри, беше јасна дека Бела е победничката, бидејќи резултатот покажа дека има совршено лице. Најголем процент постигна нејзината брада, од 99,7 отсто, што е само 0,3 отсто од совршенството – изјавил Јулиан Де Силва, научникот што работел на проектот.
– Овие сосема нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да ја решиме мистеријата што e тоа што некого го прави физички убав – додал тој.
Меѓу избраните убавици, чии резултати се мошне тесни, се најдоа и Амбер Херд (3), Аријана Гранде (4), Тејлор Свифт (5), Кејт Мос (6), Скарлет Јохансон (7), Натали Портман (8), Кети Пери (9), Кара Делавињ (10).
Меѓутоа, веднаш се појавија и реакции за овој избор за најубава жена, посочувајќи дека Бела е далеку од совршена, особено имајќи ги предвид бројните естетски операции што ги направила на своето лице – корекција на носот, усните и јаболчниците.
FOTO: www.betrendsetter.com
Credit: Cavendish Press