Научниците открија бутна коска тешка еден тон и два метри долга ВИДЕО

Се претпоставува дека станува збор за диносаурусот сауропод, карактеристичен по долгиот врат и опашка.

764

Два метри долгата бутна коска е пронајдена во местото Ангеак, а се претпоставува дека станува збор за диносаурусот сауропод, карактеристичен по долгиот врат и опашка.

Овој вид на диносауруси се смета за нејголеми што постоеле. Палеонтолозите велат дека се зачудени од зачуваноста на коската, на која се гледа дури и местото на спојување на мускулите.

– Гледаме каде биле мускулите и тетивите. Гледаме лузни. Ова е реткост. Обично големите парчиња коска се кршат поради својата тежина и се распаѓаат – рекол Ронан Алан од Националниот природнонаучен музеј во Париз.

Сауроподите кои живееле пред 140 милиони години биле тешки меѓу 40 и 50 тони, а се тревопасни животни.

 

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...