Веднаш по славењето на приватната крштевка на нејзиното прво дете, Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, војвотката изненади со појавувањетона поло натпреварот за да го гледа својот сопруг, принцот Хари.
Меган се појави во лежерно издание, а во прегратки го носеше малиот Арчи. Војвотката не го испушташе од раце, цело време прегрнувајќи го и бакнувајќи го.
Меѓутоа, многумина побрзаа да ги искритикуваат вештините на војвотката како новопечена мајка.
„Меган треба да научи како да го држи своето дете. Можеби треба дадилката да го направи тоа! Таа воопшто нема мајчински инстинкти“, коментирало едно лице. „Тоа слатко бебе Арчи изгледа како да му е толку непријатно! Вратот, грботот и нозете висат, на другите фотографии. Каква срамота.“
Друг ја критикувал зошто не му ставила капа на главата на малиот Арчи. „Таа очајнички бара внимание, па парадира наоколу држејќи го Арчи толку невешто!
Меѓутоа, имало многумина кои имале само пофални зборови за војвотката од Сасекс, кажувајќи дека Меган изгледа толку релаксирано и среќно.
– Сите треба да запамтат дека тое е нејзино прво дете. И нормално е дека не можеш да бидеш совршен како новопечена мајка – рекла една жена.