Науката одлучи: Овој маж е најубав на светот!

Британскиот хирург д-р Џулиан де Силва осмислил начин да се пресмета колку нечие лице е поврзано врз основа на мерките на неговите усни, брада, очи...

1560
ФОТО: EPA / JAVIER ETXEZARRETA

Неговите многубројни обожавателки тоа веќе го знаеја, а сега докажа и науката: Роберт Патинсон е прогласен за маж со најубаво лице на светот.

Британскиот хирург д-р Џулиан де Силва осмислил начин да се пресмета колку нечие лице е поврзано врз основа на мерките на неговите усни, брада, очи, нос, вилица и други карактеристики. Се покажало дека Патинсон има резултат кој е најблизок до совршениот облик, дури 92,15 отсто.

– Се најде меѓу петте совршени во речиси сите категории на мерењето, бидејќи сè на неговото лице е со класичен облик. Единствена категорија во која постигна нешто помал резултат беше обликот на усните кои кај него се малку потенки и порамни – раскажал Де Силва.

На второто место се најде актерот Хенри Кавил со 91,64 отсто, а на третото Бредли Купер, кој имал резултат од 91,08 отсто.Славниот убавец Бред Пит го заземал четвртото место со резултат од 90,51 отсто, а Џорџ Клуни со 89,91 се нашол на петтото место.

Де Силва во своето истражување ја користел формулата „Greek Golden Ratio of Beauty Phi“, позната како златна средина или златен дијаметар, за која уште од античките времиња се верува дека ја чува формулата на совршенство.

Неа ја користел и Леонардо да Винчи додека го цртал „Витрувијански човек“, цртеж кој прикажува совршено машко тело.

ФОТО: EPA / JAVIER ETXEZARRETA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...