Времето денескаа ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Температурата ќе се движи од минус 1 до 23 степени, во Скопје од 3 до 21 степен.
Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.
Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.