Натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската, иако е од голем безбедносен ризик може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од коронавирусот, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.
– Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и презамеме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдбри услови од безбедносна гледна точка – рече Чулев.
И дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово.
– Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март – изјави Славјанка Петровска.