Ливерпул вчера го победи Арсенал со 5:1 во натпревар од 20. коло на Англиското фудбалско првенство. Шесте голови што ги постигнаа тимовите придонеса дуелите на овие два ривала да избијат на врвот по ефикасност во историјата на Премиер лигата.
На средбите меѓу Ливерпул и Арсенал вкупно се постигнати 155 гола.
На второто место на оваа листа се натпреварите на Арсенал и Евертон со 153 погодоци.
Трети по ефикасност се дуелите меѓу Ливерпул и Тотенхем со 152 гола.