НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија

2036

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесе РИА Новости.

– Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност – истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...