НАТО очекува напролет Македонија да стане членка на Алијансата. Тоа го изјави денеска претставничката на САД во НАТО, Бејли Хачинсон на брифинг во Брисел.
Истакна дека Протоколот се уште не е ратификуван во Шпанија, која пред извесно време доби Влада.
– Мислам дека до летото знамето на Северна Макеоднија ќе биде до другите 29 знамиња. Ќе бидеме среќни напролет да ја поздравиме Северна Македонија – изјави таа на брифинг.
Според неа, државата завршила огромна работа спроведувајќи неопходни реформи за да одговори на барањата на НАТО.