Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и претседателот на „Боинг Интернешнл“, Сер Мајкл Артур денеска потпишаа нов договор во висина од една милијарда долари за модернизирање на разузнавачката флота на Алијансата.
Станува збор за четврта надградба на тој тип авиони на НАТО откако првпат беше склучен договорот со „Боинг“ во 1977 година. Со модернизирањето на флотата, Алијансата е обезбедена во оваа област во 2035 година, порача генералниот секретар.
Разузнавачките авиони на НАТО учествуваат во бројни операции на Алијансата, како на пример во војната против Исламска држава.
Новиот договор 14 нови авиони и е финансирано од 16 земји-членки на НАТО како и приватни компании од Европа и Северна Америка.
– НАТО од блиску ќе работи со индустријата, ќе разгледуваме како технологиите, како вештачката интелигенција, автономните системи и големите податоци, можат да му помогнат на НАТО да остане на врвот – изјави Столтенберг и посочи дека Алијансата размислува за модернизација на флотата по 2035 година.