НАТО го помести пречекот на Вардарци: На плоштад ќе бидат по 19 часот

1080
Photo: EPA / SASCHA STEINBACH

По повод историскиот успех на градскиот ракометен клуб Вардар скопскиот градоначалник Петре Шилегов побара од советниците на РК Вардар, Град Скопје да му даде награда во износ од шест милиони денари.

-Од синоќа сум во контакт со управата на Ракометниот клуб, успеавме да обезбедиме чартер лет за клубот. Износот е 39.500 евра на авионот. Ќе полета во 16:30 часот, а во Скопје ќе слета 18:50 часот. Го координиравме авионот за да бидат завршени сите безбедносни мерки поради  Самитот на НАТО за да може скопјани слободно да присуствуваат на оваа свеченост – рече Шилегов на почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој побара Советот на Град Скопје да донесе одлука за подмирување на трошоците за чартер летот, како и сума во износ од околу два милиони денари за организација на настанот, односно за пречекот на ракометарите.

-Вкупната сума ќе ја ставиме во посебна одлука и барам ова да го внесеме како точка на дневниот ред – рече Шиелгов.

Додаде дека момците се чувствуваат добро и оти се многу весели.

Според Шилегов, ова е еден историски успех и ги повика скопјани достоинствено да ги пречекаме ракометарите.

Photo: EPA / SASCHA STEINBACH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...