Наташа Габер Дамјановска избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители

398

Наташа Габер Дамјановска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за следните четири години.

Одлуката со осум гласови „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“ ја донесе денеска Управниот одбор на Академијата.

Кандидати за директорското место, покрај Габер Дамјановска, беа и Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски.

Првиот човек на Академијата се избира со двотретинско мнозинство од деветмина членови на Управниот одбор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...