Новосадската пејачка Наташа Беквалац знае како да ја шокира јавноста. По разводот од сопругот Лука Лазукиќ, сексапилната Наташа целосно ѝ се посвети на работа за да заборави на приватните проблеми.
Наташа подготвува концерти и за таа потреба сними рекламен спот на кој е речиси гола, а во раката држи само пердуви.
Наташа никогаш не изгледала подобро, а исто така, и на професионален план ѝ „цветаат рози“. Таа неодамна објави песна, која ја изведува во дует со Емина Јаховиќ, а која веќе е огромен хит во регионот.