Наташа Беквалац е по третпат среќно разведена жена

Новосадската пејачка пристигнала во придружба на адвокатката, облечена во елегантен црн фустан.

1749

Првото рочиште по повод поднесеното барање за развод на бракот на поп-пејачката Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ се одржа денеска, во Првиот основен суд во Белград.

Лука пристигнал на судењето петнаесет минути пред закажаното рочиште. Тој пристигнал пред судот со мотор, без адвокатот, а цело време додека ја носел кацигата бил намуртен.Набргу потоа ла Наташа.

Новосадската пејачка пристигнала во придружба на адвокатката, облечена во елегантен црн фустан. Наташа трчејќи влегла во зградата за да не доцни на рочиштето.

Наташа сега и официјално е разведена жена, а на прашањето на новинарите како се чувствува, кратко порачала:

– Среќно и разведено.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...