Наташа Алуловска денеска е назначена за нова директорка на скопската Клиниката за детски болести, дознава Плусинфо. Алуловска како педијатар работи на одделот за неонатологија на клиниката.
Организациски директор на клиниката е Ридван Ибраими, кој на оваа позиција е од 2012 година.
Клиниката за детски болести работеше без медицински директор повеќе месеци, откако уште пролетта Катерина Ставриќ поднесе оставка на функцијата од лични причини, но чекаше да добие наследник.