Натали Портман се брани: Не бевме во врска, Моби е стар лигавец ВИДЕО

Фановите на Портман жестоко го нападнале Моби, дури и му се заканувале со смрт, а тој под притисок подоцна објавил извинување до актерката.

1169

Музичарот Моби (53) во своите нови мемоари „Then It Fell Apart“ тврди дека извесно време, кога тој имал 33, а таа 20 години, бил во врска со актерката Натали Портман (37).

Се запознале, како што пишува, по концертот во Остин, заедно лудувале на забавите по Њујорк, и ја поминале ноќта заедно на Харвард каде што Портман студирала.

Но, самата актерка тврди дека тоа се глупости и дека само „кратко и површно бевме пријатели, бидејќи сфатив дека тој беше заинтересиран за мене на начин кој не беше соодветен“

Покрај тоа, Портман тврди дека таа имала 18 години, а не 20.

– Необично ми е дека тоа го окаркатеризирал како врска, бидејќи она кратко време што го познавав го паметам како малку лигав постар маж. Покрај тоа, штотуку наполнив 18 години. Интересно е дека ниту тој ниту неговиот издавач не ги провериле податоците, или да се јавеле поради проверка и да го потврдат податокот – се огласила Натали Портман.

Актерката, имено, била обожавателка на неговата музика и по завршувањето на средното училиште отишла на неговиот концерт.

Моби на тоа се осврнал преку својот профил на Инстаграм каде што напишал дека изјавата на актерката „го збунила, бидејќи во 1999 година навистина кратко биле во врска, а потоа со години останале пријатели“.

Тој приложил и неколку фотографии на кои е заедно со актерката.

– Ми се допаѓа Натали, ја почитувам нејзината интелигенција и активизам, но да бидам искрен не можам да сфатам зошто поинаку ја презентирала вистината за нашата (навистина кратка) врска, која можам да ја поткрепам и со мноштво фотографии.

П. С. Потполно го почитувам тоа што Натали се пожалила дека била во врска со мене (веројатно и јас би се пожалил), но тоа не ја менува нашата заедничка романтична историја.

Фановите на Портман жестоко го нападнале Моби, дури и му се заканувале со смрт, а тој под притисок подоцна објавил извинување до актерката.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...