Настапот на Нејмар на СП сѐ уште под знак прашање

- Сега сум подготвен за 80 проценти. Очекувам за Мундијалот да бидам целосно подготвен - истакна Нејмар.

219

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар кој вчера се врати на теренот по повредата на глуждот, не се чувствува целосно подготвен.

Нејмар кој го постигна водечкиот гол за „Кариоките“ во победата над Хрватска (2:0) очекува до почетокот на Светското првенство закажано за 14 јуни да биде во топ-форма.

-Поминаа три месеци откако се повредив. Се радувам што бев во можност да се вратам и при тоа постигнав гол. Среќен сум. Секој ден се подобрувам. Сега сум подготвен за 80 проценти. Очекувам за Мундијалот да бидам целосно подготвен – истакна Нејмар.

Бразил на Мундијалот во Русија ќе игра во Е-групата заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...