Наставничка удрила 10-годишник, му била укажана лекарска помош во амбуланта

619

Наставничка од село Челопек удрила 10-годишник, му била укажана лекарска помош во амбуланта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– На 08.02  во 11.00 во Полициското одделение Жеровјане, С.З.(53) од село Челопек пријавил дека претходниот ден околу 09.30 часот неговиот 10-годишен син додека бил на час по математика, од страна на наставничката Х.З. бил удрен со дрвен предмет по рацете. На детето му е укажана лекарска помош во амбулантата во селото – велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...