Во полицијата синоќа мајка пријавила дека одделенска наставничка од основно училиште во населба Аеродром, го влечела нејзиниот син за рака и се обидела да го изнесе надвор од училницата.
Од МВР соопштуваат дека, М.П. (43) од Скопје синоќа пријавила дека на 25. декември околу 8,30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основното училиште во населба Аеродром. Тој ѝ рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.
Како што известуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.