Tепачка помеѓу директорка на училиштето и вработена наставничка се случила вчера околу 10 часот во основно училиште во селото Зелениково.
Како што информираат од МВР, во ходникот пред канцеларијата на директорката, вработена наставничка, по претходна вербална расправија, физички ја нападнала директорката.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.