Наставниците и професорите со 5 отсто повисоки плати од септември

681

Владата денеска ја усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Македонија за 5 отсто почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите, соопшти Владата.

Со оваа одлука Владата  дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 отсто, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...