Наставник од Гостиварско во празна училница гушкал и бакнувал ученичка

1307

Гостиварската полиција вчера попладне  добила пријава од родител од гостиварско село, кој рекол дека неговата малолетна ќерка била заведена од 54-годишен наставник.

Според пријавата, наставникот го повикал малолетното девојче во празна училница во училиштето во кое учи по што ја прегрнал и ја бакнувал.

Наставникот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...