Наставник на полуматурска прослава спасил жива глава од напаѓач со нож

523

Во хотел во Прилеп вчера во 21 часот за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.

Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож. Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...