Пејачката Селена Гомез го отвори доделувањето на Американските музички награди (АМА) и по две години првпат излезе на сцена.
Иако сè изгледало совршено на прв поглед, Селена имала паничен напад пред да излезе на сцената.
– Две години не настапуваше. Имаше операција на бубрегот и доживеа нервен слом поради кој некое време беше хоспитализирана. Нејзиниот менаџмент мислеше дека сега е стабилна, меѓутоа, доживеа паничен напад пред да излезе на сцена. Се тресеше, врескаше и плачеше – тврди изворот.
Нејзиното здравје во текот на периодот кога не настапувала нагло се влошило и морала да се подложи на трансплантација на бубрег. Нејзиниот долгогодишен партнер, Џастин Бибер, потоа се ожени, после што следувал нервниот слом и хоспитализација во ментална установа.
ФОТО: EPA/NEIL HALL