Наскоро ќе се врши трансплантација на срце од свиња кај луѓе

Срцето на свињи има многу слична анатомија со човечкото срце, поради што и се користи како модел за развивање на новите третмани.

495

Модифицирани срца од свињи би можеле да се трансплантираат кај луѓе за само неколку години од сега, смета хирургот кој пред 40 години во Обединето Кралство ја изврши првата успешна трансплантација.

Говорејќи по повод 40-годишнината од својот револуционерен хируршки зафат, сер Теренс Инглиш изјавил дека неговиот поранешен штитеник и асистент од 1979 година ќе се обиде да го замени човечкиот бубрег со свинско бубрег на крајот на оваа година.

Експертите веруваат дека ова може да ги постави темелите за подоцна посложените трансплантации на животински органи во човечкиот организам, што претставува процес кој се нарекува – ксенотрансплантација.

„Доколку резултатот од ксенотрасплантацијата на бубрегот од свиња на човекот би бил задоволителен, голема е веројатноста дека за само неколку години истото би можеле да го постигнеме и со срцата“, изјавил 87-годишниот Инглиш за „Сандеј телеграф“.

„Ако „работи“ со бубрезите, ќе „работи“ и со срцето … Тоа ќе промени сè кога станува збор за трансплантација“, објаснил тој.

Срцето на свињи има многу слична анатомија со човечкото срце, поради што и се користи како модел за развивање на новите третмани. Срцевите заболувања денес се сметаат за глобален проблем кој прераснува во пандемија, која погодува најмалку 26 милиони луѓе ширум светот, пренесува РТ.

Научниците се надеваат дека употребата на срца од свињи би можела да придонесе за создавање на револуционарен метод со кој човештвото ќе се справи со кардиоваскуларните заболувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...