Наскоро прва заедничка седница на владите на Македонија и Косово

99

Македонија и Косово предвидуваат зајакнување на соработката во повеќе сфери, особено во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата…

Сето тоа ќе се реализира преку потпишување договори за интензивирање на соработката во овие области и тоа на првата заедничка седница на владите на Македонија и Косово.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на владина седница беше назначен за координатор за седницата и тој заедно со заменик-претседателот на косовската Влада треба да го одредат датумот за одржување на седницата, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Македонската Влада досега заеднички седници одржа со владите на Бугарија и Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...