Тинејџер бил нападнат од повеќе лица во автобус во Скопје.
Како што соопшти МВР, синоќа околу 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица 11-ти Октомври, во приватен автобус бр.22, 18-годишниот А.М. од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, велат од полицијата.