Насилната дадилка во притвор, тепала двегодишно дете

2531

Дадилката која денеска во игротека во кафе барот „Дежа ву“ во Аеродром беше снимена од безбедносните камери како тепа и малтретира дете е приведена, а надлежен јавен обвинител и одредил 30 дневен притвор, јави ТВ 21.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две други деца.

Случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката „Дежа ву“, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...