Насер Селмани остро ги нападна колегите: Губитници блиски до СДСМ го спорат изборот на Чадиковски!

Поранешниот претседател на ЗНМ, со тон и речник неприлични за неговата позиција, остро ги нападна сите што сметаат дека изборот на неговиот наследник е спорен.

3307

ЗНМ вчера оддржа годишно изборно собрание, каде беше избрано новото раководство на чело со колегата Младен Чадиковски.

Им честитам на сите моите колеги за изборот и им посакувам успех во работата. Собрание без ниту еден инцидент, каде колегите можеа слободно, демократски и достоинствено да ги изберат нивните претставници во Здружението, беше најдобар начин да ми се заблагодарат за моето раководење во изминатите осум годинни.

Сега гледам дела губитниците го спорат процесот.

Еве да објаснам отприлика како се однесуваше оваа губитничка група на Собранието, блиска до владејачката партија СДСМ, потпомогната од директорите на некои национални приватни телевизии. Подолу ќе објаснам зошто велам така.

Знаејќи дека ја немаат поддршката од колегите поради нивната јасна намера да ја инструментализираат ЗНМ за политички и лични интереси, побараа одлагање на Собранието.

Нивниот предлог беше поддржан само од шест делегати од вкупно 175, колку што имаше на почеток на Собранието, кога се утврдуваше кворумот.

Вториот обид на оваа групација меѓу новинарите да се опструира Собранието беше во расправата за извештајот за работата на ЗНМ. Се обидоа да фрлат дамка врз мојата работа во изминатите осум години, но добија силен удар од колегите. За усвојување на извештајот гласаа над 120 делегати, ниеден против и петмина воздржано.

Гласањето течеше без ниту еден најмал инцидент. Комисијата ги објави резултатите, никој не приговараше, кандидатот што ги изгуби изборите му честиташе на победникот.

Дадовме пет минути можност на Младен Чадиковски да се обрати на колегите и бидејќи беше исцрпен дневниот ред и немаше ниту еден приговор од присутните делегати, го затворив Собранието.

Јас мислам дека победата на Младен и на остантите колеги од другите органи е чиста како солза, но ако има било каква дилема, Статутот предвидува решение.

Во член 58 стои дека толкувањето на статутот во текот на работата на Собранието се одговорни делегатите, а меѓу две Собранија толкувањето го врши Управниот одбор, чиј легитимитет никој не може да го спори.

На Собрание имаше присутни претставници на Европската делегација во Скопје, ОБСЕ, и разни амбасади, затоа што знаевме дека одредени луѓе се заинтересирани да го опструираат Собранието. Дел од луѓето беа внатре до затварање на Собранието и ниедна жалопојка за наводно нелегитимен избор не може да помине.

И сега на некого му текнало да реагира дека Собранието било нелегитимно. Тврдат дека кворумот бил 175 делегати, а гласале 169. Што има тука нејасно, од моментот кога се утврди кворумот до гласањето поминаа повеќе од два саати. Значи, во меѓувреме шест делегати од различни причини си заминале. Инаку нема логика некој да дојде во Сорбрание, а да не го користи правото на глас. Значи на Собрание за време на гласањето присутни биле 169 делегати. Младен доби 86, Столе 77, шест беа неважечки. Кој малку знае математика разбира дека Младен доби 50+1 глас од гласовите.

Е  сега малку за бекграундот на целата приказна.  Целата операција е водена од некои директори на националните телевизии, а новинарите што се вклучени во оваа валкана игра против ЗНМ и новинарството се само извршители.

Интересот на директорите на приватните национални телевизии е да ги оневозможат новинарите да имаат свој глас во јавноста. Овие неспособни луѓе, кои единаест години беа најсилните сојузници на режимот на Груевски, сега се обидуваат да се врзуват со новиот режим за да цицат уште пари од буџетот на државата. За да ги одржат овие коруптивни врски со новата власт, ќе треба претходно да ја парализираат ЗНМ, во што не успеаја.

Клучното, кој е интересот на оваа група времено ангижани во новинарството?! Да служат на газдите и на власта и да профитират лично. Ништо повеќе!

Овој пат нема да спомнам имиња. Еден бараше поддршка од СДСМ да стане претседател на ЗНМ, по смената на власта ја вработи жената во МЕПСО, а додека беше член на Управен одбор, по смената на власта на седниците на Управен ги застапуваше ставовите на оваа партија за различни прашања од медиумската сфера. Овој кандидат за претседател на ЗНМ, кој ме критикуваше дека сум го поддржувал Младен, прв ми пристапи,  да ме замоли и да се спогодувал со мене за неговиот избор. Откако го одбив, почна да зборува дека не било добро јас да сум се машал во изборот на мојот наследник. Многу ми е драго што овој муабет човекот го правеше во присуство на уште двајца сведоци.

Не го одбив затоа што го мразам човекот, ниту дека имам нешто лично против него, го одбив затоа што сметав дека не е добро решение. На ЗНМ му треба претседател со став, а не претседател кој дневно ги менува ставовите.

Друг член на оваа групација стана член на ад хок телото за оценување на известувањето на медиумите за време на изборна кампања предложен од СДСМ.

Трет стана уредник во државна новинаска агенција по смената на власта, четврт е познат по скандалот Фабрика од времето на Бучковски, петти беше претседател на медиумскиот регулатор избран во време на владеење на СДСМ, шести е уредник во МРТ за време на СДСМ.

Листата нема крај, ретко кој од таа група не е врзан директно или индиректно со партијата на власт.

На овие луѓе не им стало до новинарството и ЗНМ, туку слугувањето на интересите на моќниците од политиката и бизнисот, од кои профитираат цел живот.

Не заборавајте дека новинари од оваа група во првите шест месеци од мојот мандат координирано и колективно дадоа оставка од Советот на честа. Првата година инструираа луѓе во Надзорен да шират приказна дека имало злоупотреба на средства во ЗНМ.

Осум години додека бев претседател на ЗНМ пропагандистите на Груевски ме обвинуваа за истите работи што сега ме обвинуваат пропагдандистите на СДСМ. Тие се како сијамски браќа.

На крај сакам да го кажам тоа што му го кажав на еден директор на национална телевизија, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НАЧАЛНИЦИ ВО ЗНМ!

(ФБ статус на Насер Селмани)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...