Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани очекува во скоро време Обвинтелството да излезе со пријава за лицето кое му упатуваше закани.
– Неколку пати бил во Обвинтелството. Се прават проверки кои треба да ги направи Обвинителството. Постојано сме во комуникација и со МВР ако треба некоја интервенција, како праќање допис до фејсбук да се направи проверка дали тоа е лицето кое го пријавивме дека се заканувало. Постапката трае и очекувам во блиска иднина да се затвори случајот и да се излезе со пријава до Судот, рече Селмани.
Според него, Обвинителството веќе има извршено разговор со пријавеното лице.