НАСА откри органски молекули на Марс

Ајгенброде појасни дека органските молекули најдени на Марс не се доказ за живот.

1008

Научниците од НАСА откриле органски молекули на планетата Марс, беше соопштено денес од оваа организација.

– Пронајдовме органски молекули во карпите на дното на древно езеро – појасни Џен Ајгенброде, научничка, која додала дека откриле различни молекули.

– Органскиот состав е клучен во потрагата по живот – рече Пол Махафи, директор на Одделот за истражување на Сончевиот систем во Центарот на НАСА Годард.

НАСА го лансираше моделот „Кјуриозити“ во 2001. година, а тој слета на Марс во 2012. година за да открие дали таму во кој било миг имало услови за живот.

Ајгенброде појасни дека органските молекули најдени на Марс не се доказ за живот.

– Тие може да потекнуваат од ствари кои не се биолошки – додала таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...