Народниот правобранител го истражува случајот со Миле Јанакиески кој штрајкува со глад

910

Тим од Канцеларијата на Народниот правобранител во моменов е во затворот во Шуто Оризари каде што од саботата поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески почнал штрајк со глад.

– По добиените сознанија тим од Канцеларијата на Народниот правобранител веднаш се упати во истражниот затвор „Скопје“ за да го разгледа случајот со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – велат за Плусинфо од канцеларијата на македонскиот омбудсман.

Од таму најавуваат дополнителни информации по завршување на посетата во скопскиот затвор.

Јанакиески минатата недела повторно беше приведен и се најде зад решетки во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Тој беше притворен заедно со уште седуммина осомничени меѓу кои Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата.

За две осомничени лица, Кривичниот суд определи мерки на претпазливост. Сите тие се осомничени за злоупотреби со отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.

Истрагата утврдила дека осомничените направиле штета на буџетот од 2,6 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...