Нара: Икарди е пред враќање во Интер

59
ФОТО: Инстаграм

Ванда Нара изјави дека наскоро Мауро Икарди ќе ги обнови тренинзите со своите соиграчи откако било постигнато примирје со извршниот директор на „нероазурите“, Џузепе Марота.

Проблемот со аргентинскиот напаѓач дојде по одземањето на капитенската лента, а од тогаш до сега Икарди не запишал ниту една минута за Интер, тврдејќи дека има повреда на коленото.

По се изгледа дека односите меѓу клубот, Мауро Икарди и Ванда Нара веќе се надминати и Маурито повторно ќе го облече „црно-синиот“ дрес. Доцна синоќа Интер го победи Милан во „Дерби дела Мадонина“, а Нара, која е сопругa и агент на Икарди, ја прокоментира и средбата во студиото на „Тики Така“.

– Бев сигурна дека Интер ќе го освои дербито со Милан. Дури се обложив со пријателите. Во овие натпревари нема значење во каква форма си. Очекував ваков натпревар и таков резултат – прокоментира синоќа сопругата на Мауро Икарди.

Таа додаде дека ќе има средба меѓу раководството на Интер и напаѓачот.

– Разговарав со Марота. Нема никакви проблеми меѓу нас и наскоро ќе постигнеме примирје. Дури веќе се разбравме. Мауро се уште се опоравува. Не разбирам што е проблемот со неговото колено. Нема никакви проблеми со неговите соиграчи и тоа го видовме во интервјуата. Не сум слушнала ниту еден да зборува против Икарди. Вистината е дека тој има проблем со коленото. Досега секогаш тренираше со овој проблем и го ставаше тимот пред себе. Не знам што се си кажале Икарди и Спалети. Јас и Мауро сме две различни личности. Проблемот е што сите не поврзуваат – заврши агентот на Икарди.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...