Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

8429

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манојле, напукна асфалтот.

Кон крајот на мај со музика и огномет, беше отворен Коридорот 10 за сообраќај, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш кажа дека е отворена најтешката, но и најубавата делница од автопатот низ Србија.

Од Коридорите на Србија соопштија дека пукнатините се појавиле на површинскиот слој и дека проблемот ќе се реши во следните два дена, додавајќи дека автопатот е безбеден за сообраќај.

Српски медиуми потсетуваат дека изградбата на автопатот преку Грделичка клисура бил проследен со бројни проблеми – од постојан пробив на роковите, паѓање на косините, до промена на проектот.

– По отворањето, граѓаните се пожалија дека косините низ Грделичката клисура не се безбедни, а властите потоа рекоа дека тие не паднале, туку само така изгледа – објавија медиуми во Србија.

„Експертите оценија дека работите на Коридорот 10 доцнат поради слабата подготовка на работите и на проектната документација, нереалните ветувања дадени од политички причини, но и поради недостатокот на домашни градежни фирми кои ќе ја извршат оваа задача на најсоодветен начин“, наведуваат медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...