Наполнете гориво, од полноќ поскапува до три денари

Малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а „еуросуперот БС-98“ поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

617

Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а „еуросуперот БС-98“ поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот „еуродизелот (Д-Е V)“ и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...