На 15-от протест „1 од 5 милиони“ во Белград, насобраните граѓани од пред факултетот, тргнаа низ централните белградски улици, по што ја блокираа зградата на РТС, па внатре влегоа лидерот на Двери и една од организаторките, кои бараат гостување во „Дневникот“.
Тие се расправале со дежурниот уредник да влезат во кабинетот каде се емитува „Дневникот“.
Агенцијата Бета јавува дека во РТС има и полицајци со опрема за растерување демонстрации. Вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена, јавува Б92.
Претходно, на насобраните граѓани им се обрати драматургот Синиша Ковачевиќ, кој рече дека дошол да ги повика, „не на прошетка, туку на марш за слобода“.
– Добивме талог од власта, Божја казна од власта. Ако не кажеме доста, ќе останеме само ние старците, а во старечките домови деца не се раѓаат. Драги пријатели, доста беше, а на 13 април ќе покажеме колку не има. Што е тоа што ние бараме: нешто малку правда и нешто многу слобода – рече Ковачевиќ.
Пред Филозофскиот факултет беа и некои претставници на опозицијата како претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ, Никола Јовановиќ, Зоран Лутовац, , а граѓаните носеа транспаренти со пораки „Сакаме дрвја, не гондола“, „Шетаме за поздрава природа и општество“.