Напладне пленарка за промена на Уставот

133

Собранието на Република Македонија денеска напладне на 75 пленарна седница ќе ја почне расправата за утврдување на предлог-амандманите од Уставот со што треба да  се заокружи процесот за спроведување на Договорот со Грција за решавање на спорот за името.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Претходно, од 11 часот, Собранието треба да расправа по три точки останати од дневниот ред на 32-та седница: Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за минерални суровини; Годишен извештај за работата на Судскиот совет за 2016 година и Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2016 година.

Во законодавниот дом седници денеска ќе имаат и две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија, кои ќе ја разгледуваат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...