Напаѓачот на полицаецот во Велес во бегство, тројца приведени

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен рок, притоа паралелно да ја заоструваат казнената политика и почесто да се применува мерката притвор, истакнува Македонскиот полициски синдикат.

886
Фото: МВР
Полицијата трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне го повреди полицаецот во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта. Останатите тројца напаѓачи се приведени во полициска станица, а полицаецот со прострелни рани е вон животна опасност.
Полицаецот Е.М.(46) бил повреден со неговиот службен пиштол кој напаѓачот што е во бегство му го одзел и пукал во него, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Инцидентот се случил додека  полициски службеници преземале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица.  Повредениот Е.М. бил префрлен во велешката Општа болница, каде му била укажана медицинска помош. 
Д-р Тодор Јаковлевски соопшти дека имал четири прострелни рани во абдомен и една во колено. Бил свесен и вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.
Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен рок, притоа паралелно да ја заоструваат казнената политика и почесто да се применува мерката притвор, истакнува Македонскиот полициски синдикат во реакција по вчерашниот напад на двајца полициски службеници во Скопје и денешниот во кој во беше застрелан полицаец во Велес.
Од таму најавуваат дека за нивната активност во текот на утрешниот ден ќе ги известат сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ, кои се членки на Советот на Европски полициски синдикати во кој членуваат повеќе од 250 илјади полициски службеници со барање будно да ја следат состојбата во нашата земја во делот со активностите и евентуалните исходи од понатамошните одлуки на надлежните органи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...