Непознати луѓе го нападнале снимателот на 1Тв вечерва за време на домонстрациите пред Собрание, објави 1ТВ.
Телевизијата соопшти дека кога демонстрантите почнале да фрлаат со мали експлозиви и камења кон полицискиот кордон и Собранието, снимателот се обидел да ја сними атмосферата и да го забележи настанот. При тоа снимателот бил нападнат од неколку демонстранти.
Снимателот итно е префрлен во болница каде што се пожалил на повреди во пределот на кичмата и ‘рбетот.