Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје

1924

Седумнаесетгодишно момче од скопското село Црн Врв синоќа, околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ било физички нападнато од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле со нож му нанеле расекотини и побегнале.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57).

Момчето се упатило во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...