Нападнати претседател на месна заедница и водостопанска инспекторка

191

Претседател на месна заедница Шупли Камен и државен водостопански инспектор, вчера во различно време, пријавиле во кумановската полиција дека биле нападнати, соопшти денеска СВР Куманово.

Според информациите на кумановската полиција, претседателот на месната заедница пријавил дека бил нападнат физички, а инспекторката, која извршила увид на речно корито на Пчиња, пријавила дека вработен во сепарација се обидел насило да ѝ го одземе записникот, соопшти денеска СВР Куманово.

Претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, 52-годишниот, Г.С. вчера во 11 часот пријавил во полицијата дека за време на протест и блокада на патот во кумановското село Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.

Според пријавата во тоа време на местото, пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден но, во 20 часот во СВР Куманово, 57-годишната Л.З., државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина пријавила дека околу 15:30 часот, додека заедно со водостопански инспектор извршувала службени задачи, по извршување на увидот на речното корито на река ПчињаБ.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да ѝ го земе записникотно бил спречен од полициските службеници. СВР Куманово презема мерки за расчистување и на овој случај. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...