Вчера околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Драчево Ј.Г.(41) физички ја нападнал М.Л.(60), медицинска сестра. Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Истиот ден во 12.45 часот, во СВР Куманово бил приведен И.С. (57) од Куманово затоа што на улица „11 Октомври“ физички нападнал полициски службеник. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.