Нападнати две штитенички од Домот „25 Мај“

177

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(21) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, на 17 декември, околу 19 часот, на булеварот „11-ти Октомври“ во Скопје, две малолетнички на возраст од 13 и 16 години, згрижени во Домот за деца “25 Мај”, биле пресретнати од пријавената, со која од претходно се познавале, а која била со возило, управувано од друго лице.  Таа првин вербално, а потоа и физички ја нападнала 13 – годишната девојка, по што насилно ја внела во возилото. Исто така, физички ја нападнала и другата малолетничка.

Веднаш по настанот, 16-годишната девојка  се упатила кај братот на Р.А. и го известила што се случило,  а тој ѝ рекол да не пријавува во полиција. Од МВР соопштија дека, по превземени мерки, на 20 декември Р.А. била лишена од слобода, а малолетничките се згрижени во соодветна институција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...