Во село Волково вчера во двор била нападната С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош додека била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т. Лекарката физички била нападната од страна на М.Т.(24).
Полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и против М.Т. е поднесен соодветен поднесок.