Нападнале и ограбиле вработен во казино во Аеродром и на бензинска во Ѓорче

402

Две разбојништва се случиле денеска во Скопје. Како што соопшти МВР, во 08:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АВНОЈ“ пред канцеларија на ланец казина, две лица, од кои едното имало пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво врз М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари.

Во 04:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бензинска пумпа на ул. „Ѓорче.Петров“ едно лице со закана извршило разбојништво и одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, посочуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...