Напади на банки и канцеларии на Нова Демократија, приведени 25 лица

247

Во четири различни атински населби, за помалку од половина час, непознати лица, на четири локации нападнале и нанеле штета на две канцеларии на Нова демократија и на две филијали на банки, а грчката полиција привела 25 лица, jави дописничката на МИА од Атина.

Од Нова демократија преку соопштение велат дека ова е петти пат, за неколку дена, нивните канцеларии да бидат мета на напади.

– Очигледно е дека Нова демократија нема да се исплаши од никој и ќе продолжи уште порешително со борбата против беззаконието за чувството на безбедност да се зајакне секаде – соопштуваат од грчката владејачка партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...