Наоми Кембел има 23 години помладо момче

720

Гласините за љубовната врска меѓу Наоми Кембел (48) и Лиам Пејн (25), се точни, пишува британски „Сан“. Двојката е во контакт повеќе од два месеца и многу се вљубени еден во друг.

Младиот пејач наводно не може да поверува колку е среќен, а Наоми му помага во кариерата како модел и веќе го запознала со сите влијателни луѓе на светската модна сцена.

– Тој вели дека сексот им е неверојатен – открива пријател на Пејн за новинарите, додавајќи дека хемијата меѓу нив двајца навистина се гледа.

Парот неколкупати беше „фатен“ од папараци, а заедно патувале во Гана.

Не е тајна дека поранешниот член на „Уан дирекшн“ сака постари жени, а неговите пријатели велат дека во Наоми Кембел лудо се вљубил и не можел да поверува дека таа го избрала него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...