Нема да ги злоупотребам граѓанските здруженија, да им давам празни ветувања и да се сликам со нив. Срам ми е после 28 години лажеле јас да бидам уште еден кој ќе ги излаже, вели кандидатот за градоначалник на Охрид, Михаи Трендафилов – Нанче.
– Доколку ги добијам изборите, првата работна недела ќе ги поканам на работен состанок во кабинетот на градоначалникот, на кој тие ќе ми ги претстават своите визии и проекти кои јас како градоначалник ќе треба да ги реализирам. Без граѓанскиот сектор, без умните луѓе во Охрид и експертите од сите области, нема како да го преродиме Охрид и да го издигнеме до ниво Охрид- Град-држава. Ќе создадам совет на мудреци кон градоначалникот на општината- тип охридска влада, во кој ќе ги вклучам сите умни луѓе и претставници на невладиниот сектор од различни области, кои сакаат да работат за нашиот Охрид. Секој има да каже нешто што не го знае другиот. Секој има некоја убава идеја која може да прерасне во проект, кој ќе го направи Охрид поубаво место за живеење и попривлечен за туристите – вели Нанче.