Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов – Нанче, ги повика трпејчани да му ја дадат довербата на претстојните избори бидејќи на Трпејца ѝ е потребно решение веднаш, а не празни флоскули.
„Трпејца 2019 година. Нашето Сен Тропе, гордост ама без решена канализација. Многу го сакаме Охридското езеро, доста е со празни флоскули. Одма и веднаш решение. А плоштадот погледајте го каков е, а како го замислувам. Трпејчани доаѓаат вашите 5 минути!“, повикува Нанче.